Yarra Valley Water

Menu

Close menu

Macedonian - македонски

WaterCare

Животот не оди секогаш според планот. Ако имате проблем на време да ги плаќате сметките, можеме да помогнеме да се најде решение кое е соодветно за вас.

Од флексибилни аранжмани за плаќање до продолжување на сметките и концесиони попусти, имаме низа опции кои ќе ви помогнат да управувате со вашите сметки.

Користете ги нашите ресурси на други јазици освен англискиот, за да си помогнете да ја вратите контролата врз вашите сметки за вода и канализација, со совети за тоа како да платите, како да заштедите и за поддршка што е на располагање.

Ако претпочитате да разговарате со нас на телефон, имаме вработени консултанти кои зборуваат четири јазици и пристап до бесплатна услуга за преведување.

Јавете ни се на 1300 304 688 или пополнете го формуларот за барање за повратен повик.

Формулар за барање за повратен повик

Флексибилни опции за плаќање

WaterCare нуди поддршка за плаќање и флексибилност што одговара на вашата ситуација. Имаме неколку начини да ви помогнеме да ја платите вашата сметка.

За повеќе опции јавете ни се на 1300 304 688 и дознајте како можеме да помогнеме.


Направете план за плаќање

Дали ви е полесно да се справите со помали почести плаќања? SmoothPay е начин да ја платите вашата сметка во помали, почести износи.

Аплицирајте за SmoothPay или јавете се на нашиот тим на 1300 304 688 за да добиете помош со планот за плаќање што функционира за вас.


Аплицирајте за одложување на плаќањето

Ако ви треба малку повеќе време за да ги платите сметките, можете да аплицирате за одложување на плаќањето до 30 дена.

Оваа опција ја препорачуваме ако ви треба привремено олеснување.

Концесии

Кој е подобен?

Yarra Valley Water обезбедува концесиони попусти за оние што ги имаат следните картички.

Pensioner Concession Card
Centrelink Pensioner Concession Card
Pensioner Concession Card (2nd version)
Centrelink Pensioner Concession Card (2nd version)
Centrelink Healthcare Card
Centrelink Health Care Card
Department of Veteran Affair Health Card
Department of Veteran Affairs Pension Card
Department of Veteran Affair Health Card (2nd Version)
Department of Veteran Affairs Health Card (2nd Version)

 

Ако поседувате една од овие картички, ќе треба да ја регистрирате вашата концесија кај нас.

Можете да регистрирате повеќекратни концесии по домаќинство, но попустот се применува само еднаш.

 

Колку изнесува концесијата?

50% одбиток на трошоците за вода и канализација до годишен максимум од $354,10 за 2023-2024 година.

Ако ви се наплатува само за една услуга, како што е само за вода, ќе добиете 50% попуст на трошоците за вода до максимум од $177,05.

Ќе ја вратиме вашата концесија за минатите сметки од датумот на започнување на вашата картичка или до 12 месеци ако вашата картичка е постара од 12 месеци и ќе ја вратиме оваа сума на вашата сметка.

 

Како да се регистрирам?

Можете да ја регистрирате вашата концесија преку интернет на yvw.com.au/concessions или јавете се на 1300 441 248.

Ако немате картичка за концесија, но мислите дека можеби ги исполнувате условите, ве молиме јавете се на Centrelink на 13 10 21 или на Department of Veteran's Affairs на 03 9284 6000.

 

Што се случува откако ќе се регистрирам?

Откако ќе ги регистрирате вашите детали за концесијата, ќе го одземаме износот на концесијата од вашата следна сметка сè додека важи вашата картичка.

Utility Relief Grant

Ако сте дел од домаќинство со ниски приходи и сте се нашле во ситуација да ви треба дополнителна финансиска поддршка, можеби ги исполнувате условите за Utility Relief Grant (грантот за помош за комунални услуги на државната влада), каде што може да добиете до $650* попуст на вашата сметка за вода од Yarra Valley Water.



Како да аплицирате

Стапете во контакт со нас на 1800 994 789 за доверлив разговор и да побарате формулар за апликација или посетете ја веб страницата yvw.com.au/urgs


* Постојат услови

Поддршка за клиентите погодени од домашно и семејно насилство

Ние разбираме дека семејното насилство може да му се случи на секого во секое време.


Нашиот посветен тим за поддршка на WaterCare е обучен да им помага на луѓето кои доживуваат семејно насилство. Ќе треба само еднаш да ја објасните вашата ситуација и не е потребен дополнителен доказ.


Ќе ве третираме со разбирање и почит, ќе ви објасниме како можеме да ви помогнеме во оваа тешка ситуација и ќе ви дадеме онолку време колку што ви треба за да ги разгледате вашите опции.
 


Стапување во контакт

Ако партнерот или членот на семејството ве оставил со неплатени сметки за вода и канализација, или ви требаат дополнителни мерки за приватност на вашата сметка, ве молиме јавете се на нашиот искусен тим за поддршка на WaterCare на 1800 637 316 помеѓу 8:00 и 17:00 часот, од понеделник до петок.


Знаеме дека барањето помош може да биде предизвик кога доживувате семејно насилство. Ако сакате да ве контактираме, ве молиме поднесете барање за повратен повик подолу и еден од нашите обучени и љубезни консултанти ќе ви се јави.
 

Начини за плаќање

Direct Debit (Директно задолжување) - Со директно задолжување, вашите сметки автоматски ќе се плаќаат на датумот на доспевање.

Алтернативно, можете да воспоставите автоматски плаќања од вашата банкарска сметка, сметка на кредитна задруга или VISA или Mastercard.


Electronic Funds Transfer (Електронски трансфер на средства) (EFT) - EFT ви овозможува да ја платите вашата сметка за вода со префрлање пари директно од вашата банкарска сметка.


BPAY - Побарајте го логото BPAY на вашата сметка за да го најдете кодот на наплатувачот и референтниот број.

Потоа ќе треба да ја повикате вашата банка или да се логирате на вашата банкарска сметка преку интернет, да изберете BPAY или опцијата за плаќање сметки и да ги следите упатствата.


Кредитна картичка - Можете да плаќате со кредитна картичка преку интернет или преку телефон.

Јавете се на 1300 362 332 за да платите со VISA или Mastercard 24 часа на ден, 7 дена во неделата.

Ве молиме имајте предвид дека AMEX и Diners Club не се прифаќаат.


AusPost Billpay - Платете лично во која било пошта во Австралија со готовина, чек или кредитна картичка.

Запомнете да го земете со вас примерокот од вашата сметка, бидејќи ќе им треба бар-кодот за да го обработат вашето плаќање.


Centrepay - Клиентите на Centrelink можат да воспостават редовни одбитоци од нивните исплати од Centrelink.

Вие можете да изберете да го комбинирате ова со аранжман SmoothPay за да го олесните плаќањето и буџетирањето.

За да воспоставите Centrepay, ќе треба да го контактирате Centrelink и да им го доставите референтниот број на клиентот на Yarra Valley Water: 555 054 118T.
 

Документи достапни за преземање